Најмалку пет лица загинаа во рускo бомбардирање во источна Украина

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се ранети во претходните 24 часа во руско гранатирање на истокот на Украина, соопштија украинските власти.

Loading...

Гувернерот на Харковската област Олех Синијехубов денеска изјави дека тие се убиени и ранети во бомбардирањето на градот Харков, град на североистокот на Украина.

Руската армија окупираше големи делови од тој регион на почетокот на инвазијата, но украинската контраофанзива успеа да ги врати окупираните делови од територијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.