На видео конференција на Европскиот парламент се појави во гаќи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ирскиот политичар Лук Минг Фланаган е снимен како присуствува на комитет на Европскиот парламент во неговите гаќи.

Loading...

Европратениците учествуваа во дискусиите преку видео-врска за пандемијата на коронавирусот. Комитетот за земјоделство и рурален развој дебатираше во мир кога одеднаш Фланаган им се појави на сите на екраните седејќи на креветот само по долната облека.

Тој изгледа како да не бил свесен дека камерата го прикажува и долниот дел од неговото тело.

„Многу ви благодарам, комесаре Хан. Очигледно е дека во секој момент треба да се обидеме да го извлечеме максимумот за својот долар“, рече ирскиот европратеник додека ги триеше голите нозе.

Leave a Reply