Москва навредена од изјавите на Папата Франциск

Сподели со своите пријатели

Рускиот емисар во Ватикан го изрази силното незадоволство на Москва од последната изјава на папата Франциск во која тој ја осудува суровоста на руските акции во Украина, јави денеска новинската агенција РИА Новости.

Loading...

Во интервју за језуитското списание Америка, папата зборуваше за суровоста на руските војници во Украина.

– Кога зборувам за Украина, зборувам за суровост бидејќи имам многу информации за суровоста на војниците кои влегуваат во Украина. Генерално, можеби најсурови се оние кои се дел од руските сили, а не се Руси, како на пр Чеченци, Бурјати и така натаму. Секако, државата Русија стои зад инвазијата. Тоа е сосема јасно – рече Папата, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.