Мистериозно забрзување на магнетното поле: Северниот пол се лизга кон Сибир (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мангетното поле на Земјата, основа за модерните глобални навигациски системи минува низ состојба на неред, туркајќи го Северниот пол од Канада кон Сибир, и никој не е сигурен зошто тоа се случува.

Loading...

Северниот пол се лизга во правец од Канада со Сибир со невообичаено голема брзина од околу 50 километри годишно.

Поради новонастанатата ситуација и „невообичаеното“ брзо движење, научниците мора да издаваат итни дополнителни мапи кои ги користат електронските навигациски системи. Најлошто во сето тоа е што не се знае што го предизвикува движењето на магнетото поле толку забрзано.

Магнетното поле се менува кога растопените метали го опкружуваат цврстото јадро на земјата и создаваат струи и одговараат на магнетното поле. Како резултат на тоа, магнетните полови имаат тенденција малку да се поместуваат.

Северниот магнетен пол минал минатата година Меѓународна датумска граница (замислена линија на Земјата, спротивно од Гриничкиот меридијан), со брзина од 55 километри годишно, што е повеќе од три пати побрзо за разлика од движењето во средината на 90те години. Сега се наоѓа на ситочната хемисфера и се одделува од Канада приближувајќи се кон Сибир.

Научниците сметаат дека млазот течно железо под Канада би можел да биде одговорен за движењето на половите, слабеењето на магнетното поле испод, а притоа овозможувајќи на Сибир да се подвлече под полот, пренесува „Nature“.

– Положбата на северното магнетно поле изгледа дека е одредено од две големи магнетни полиња, едно под Канада и другото под Сибир, рекл Фил Ливермур од Универзитетот во Лидс.

Светскиот магнетен модел (голема просторна слика на магнетното поле на Земјата) се ажурира во петгодишни интервали за да се обезбеди модерната навигација да ги следи промените во магнетното поле на Земјата.

Loading...

Би требало повторно да се конфигурира во 2020 година, но до 2018 сепак биле потребни итни ажурирања.

Научниците би требало да ја објават новата верзија следната недела, а со тоа се надеваат дека моделот ќе потрае до 2020 година.

Leave a Reply