Медведев: Русија е прва подготвена да употреби нуклеарно оружје во Третата светска војна

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предупреди дека светот е на работ на нуклеарна војна, и дека Владимир Путин е подготвен прво да го притисне атомското копче, пишува Дејли мејл.

Loading...

Медведев, еден од најблиските поддржувачи на Путин, избра публика од руски тинејџери за да се закани со Армагедон – обвинувајќи го Западот за работ на бездната, пишува британски Дејли Мејл.

– Русија отсекогаш велеше дека ќе користи нуклеарно оружје само како одговор на нуклеарен напад, но во последните месеци беше „цврста“ дека нема да се двоуми да го стори тоа доколку е потребно, додава британскиот весник.

Медведев пред младата публика во Москва изјави дека заканата од климатските промени не е ништо во споредба со можноста за нуклеарна војна.

„Светот е болен и е на работ на Трета светска војна“, рече тој.

„И покрај тоа што се обидувавме да избегнеме војна 30 години, таа ни беше наметната“, додаде тој.

Медведев е поранешен претседател и премиер на Кремљ.

„Рековте дека Русија никогаш нема да биде првата што ќе употреби нуклеарно оружје – но тоа не е баш така. Навистина многу работи не се во ред со нашиот свет“, рече поранешниот претседател, кој четири години држеше прст на нуклеарното копче на Кремљ, помеѓу 2008 и 2012 година.

Loading...

Тој додаде: „Западниот свет беше многу неправеден кон нашата земја“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.