Макрон и Зеленски ќе потпишат билатерален договор за безбедност

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски утре во Париз ќе потпишат билатерален безбедносен договор, соопшти Елисејската палата.

Loading...

„Договорот е дел од заложбата прифатена на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), одржан на маргините на самитот на НАТО во Вилнус во јули 2023 година“, се додава во соопштението на француското претседателство.

Лидерите на НАТО тогаш, на незадоволство на Киев, поставија краен рок за Украина да се приклучи на Атлантската алијанса, но земјите од Г7 ветија дека ќе обезбедат воена поддршка „долгорочно“ за да ѝ помогнат во борбата против руската офанзива и да ја одвратат Москва од какви било идни напади на Украина.

Велика Британија беше првата што постигна ваков договор за време на посетата на премиерот Риши Сунак (Риши) на Киев на 12 јануари.

Франција ќе биде првата земја од Европската унија која ќе го склучи овој договор.

Претседателството на Украина во четвртокот објави дека Зеленски, заедно со Париз, утре ќе го посети и Берлин.

Украина ги продолжува преговорите со голем број други земји, од Италија до САД. Други земји, како Полска и некои скандинавски земји, се приклучија на иницијативата на Г7.

„Додека руската агресивна војна против Украина влегува во третата година (24 февруари), Франција ја потврдува својата решеност да продолжи да дава, долгорочно и со сите свои партнери, непоколеблива поддршка на Украина и на украинскиот народ“, соопшти Елисејската палата во изјава.

Loading...

Безбедносните обврски се однесуваат на обезбедување современа воена опрема, обука на украинските војници и зајакнување на украинската одбранбена индустрија.

Во моментов ситуацијата е тешка на терен за Украинците на кои им недостигаат луѓе и оружје, додека новиот пакет помош од САД е блокиран во Конгресот.

Тоа е трета посета на украинскиот претседател на Париз од почетокот на војната, по неговиот престој во февруари и мај 2023 година.

Зеленски и Макрон ќе разговараат и за ситуацијата на фронтот, за воените, економските и хуманитарните потреби на Украина, како и за преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.