Луѓето кои не го прескокнуваат појадокот можат да потрошат двојно повеќе калории

Сподели со своите пријатели

Според новата студија објавена во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“, јадењето обилен појадок наместо обилна вечера може да спречи дебелина и висок шеќер во крвта.

Loading...

„Нашите резултати покажуваат дека оброкот изеден за појадок, без оглед на количината на калории што го содржи, создава двојно повеќе термогенеза предизвикана од исхраната отколку истиот оброк консумиран за вечера“, вели авторот на студијата Др. Џулијана Рихтер од Универзитетот во Либек во Германија.

 

 

Истражувачите спроведоа тридневна лабораториска студија врз 16 мажи кои конзумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во вториот круг од студијата го сториле спротивното.

Покрај два и пол пати побрза потрошувачка на калории кај луѓето кои практикуваат калоричен појадок и нискокалорична вечера, зголемувањето на нивото на шеќер во крвта и инсулин предизвикано од храна се намалува по појадокот во споредба со вечерата.

 

Loading...

 

Резултатите, исто така, покажуваат дека постои врска помеѓу конзумирање на нискокалоричен појадок и зголемен апетит во текот на денот, особено желби за слатки, пренесува „Ендокрин“.

„Препорачуваме пациентите со проблем со дебелината, како и здравите луѓе, да појадуваат пообилен појадок отколку вечера за да ослабат и да спречат метаболички болести“, вели Рихтер.