Луѓето го напуштаат Крим во колони

Сподели со своите пријатели

Долгите колони автомобили на Крим со руски цивили се снимени откако во вторникот големи експлозии ја погодија руската воена воздухопловна база Саки во западниот дел на Крим.

Loading...

Како што пишува британски Телеграф, цивилите го напуштаат Крим стравувајќи за својата безбедност.

Крим, кој беше припоен од Русија во 2014 година, е популарна туристичка дестинација за Русите, особено во лето, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната во таа земја „започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување“.

„Оваа руска војна започна со Крим и мора да заврши со Крим, неговото ослободување“, рече Зеленски по серијата експлозии што ја потресоа руската воздухопловна база на Крим, пренесува Танјуг.

Неколку експлозии во вторникот ја погодија околината на населбата Новофјодоровка на Крим, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионска муниција експлодирала на територијата на аеродромот Саки.

Бројот на повредени во експлозиите на аеродромот се искачи на 13, а едно лице загина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.