Украинец пронајден мртов кај Табановце

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишен државјанин на Украина бил пронајден починат на паркинг место на Царинската испостава Табановце.

Loading...

– На 09.05.2024 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг на царинска испостава Табановце, покрај товарното возило кое го управувал, бил пронајден починат И.К.(66) од Украина, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Никола Ивановски