Водостојот на Пчиња надмина еден метар

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња во кумановско надмина еден метар, покажуваат мерењата направени утринава од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според податоците, за само едно деноноќие двојно се зголемило нивото на водата кај мерната станица во атарот на селото Пелинце.

Вчера во истиот период биле измерени само 51 сантиметар, додека утринава водостојот е 105 сантиметри.

Тоа е далеку над просекот за овој период од годината кој изнесува 54 сантиметри.

Обилните врнежи кои го зафатија регионот се очекува денеска да престанат, а со тоа и водостојот полека да се стабилизира.

Никола Ивановски