Лајен: Светот не смее да губи време, мора да почне да ја обновува Украина

Сподели со своите пријатели

Светот не смее да губи време, туку да им помогне на Украинците брзо да ја обноват својата земја, изјави во вторник шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ е подготвена да ги координира мерките за реконструкција со секретаријатот.

Loading...

– Немаме време за губење, размерите на уништувањето се фрапантни. Светска банка ја проценува штетата на 350 милијарди евра – изјави таа на конференцијата за обнова на Украина во Берлин, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лејен рече дека меѓународната платформа за координирање на реконструкцијата треба да биде лансирана „што е можно поскоро, по можност пред крајот на годината или почетокот на следната година“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.