Кумановските прволигаши денеска во атак на нови победи

Сподели со своите пријатели

Ракометарките, ракометарите и кошаркарите на Куманово денеска атакуваат на нови победи во домашните натпреварувања.

Loading...

Кошаркарите на Куманово на домашен терен ќе го пречекаат составот на ТФТ во рамките на првата машка кошаркарска лига со почеток во 19:00 часот.

Ракометарките денеска играа на гостински терен, а во рамките на 5. коло од домашниот шампионат за противник го имаат составот на ЖРК Гевгелија.

Ракометарите пак исто така го играат петтото коло на гостински терен, а за противник го имаат составот на Текстилец.

Кошаркарките на Куманово денеска против Гостивар го продолжуваат своето натпреварување во рамките на Првата женска кошаркарска лига на Македонија.

Никола Ивановски