ЖРК Куманово денеска против ЖРК Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска со почеток во 16:00 часот ќе го одиграат петиот натпревар оваа сезона во домашниот женски шампионат, а за противник го имаат составот на Гевгелија.

Loading...

Засега минатогодишниот двоен шампион го држи врвот на табелата со четири одиграни натпревари и исто толку извојувани победи, додека домаќинот на оваа средба, тимот на Гевгелија има една победа и три порази.

Кумановки вечерва влегуваат како фаворити во мечот, иако играат на гостински терен.

Никола Ивановски