КК Куманово вечерва против ТФТ во домашниот шампионат

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 19 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ го пречекуваат составот на ТФТ во рамките на третото коло од домашниот шампионат.

Loading...

По поразот што избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски го претрпеа во БИБЛ лигата од Академија ФМП, клубот е пред нов предизвик, овој пат во рамките на домашните натпреварувања.

Се очекува токму оваа средба да биде една од највозбудливите овој викенд со оглед дека станува збор за два силни состави кои секогаш се непредвидлив противник. Двата тима настапуваат во регионалната БИБЛ лига, а оваа сезона настапија и во ФИБА Еврокупот.

Куманово досега има една победа и еден пораз по првите две кола, додека гостинскиот состав бележи два од два.

Публиката вечерва ќе може да го проследи натпреварот со 50 отсто исполенотост на капацитетот на салата, со почитување на сите останати протоколи, меѓу кои и задолжителна вакцина.

За сите кои ќе сакаат да го проследат овој меч од дома, ќе можат да го гледаат на линкот подолу.

 

https://youtu.be/B1IaUaVakMM

Loading...

Никола Ивановски