Кумановската Гимназија доби нов лик (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ доби нов лик откако е поставена нова енергетско ефикасна фасада на целиот објект и училишната спортска сала.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски претходно се заменети сите стари прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци.

 

 

– Целосно е заменет стариот кров со нов кров на училишниот објект и училишната спортска сала.  Целосно е реновирана внатрешноста на училишната спортска сала. Поставен е нов систем за греење во неа и нова спортска подлога. Заменети се врати на канцелариските простории и училници, вели Димитриевски.

Како ел од реконструкцијата заменети се подните површини во училниците, а санирани се и санитарните јазли во училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

 

Loading...

 

– Изминатиот период континуирано се врши набавка на ИТ опрема, спортски и кабинетски реквизити, поливинилски столови како и смарт табли и друг училишен инвентар согласно потребите на училиштето, додава Димитриевски.

 

 

Никола Ивановски