Кумановец се обидел да избоде сопственик на угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен утринава оти се однесувал агресивно и се обидел да избоде сопственик на угостителски објект.

Loading...

– На 04.08.2023 во 02. 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(46) од Куманово затоа што пред угостителски објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување и се обидел со остар предмет да го нападне сопственикот Б.Ј.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека во полициска станица бил приведен и Б.Ј..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски