Кумановци фатени во швецр на мигранти од Куба

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера на автопатот Скопје – Гевгелија од патролен тим на граничната полиција и полиција од Чешката Република, откако во возилото им биле пронајдени мигранти од Куба.

Loading...

– На 28.11.2021 во 11.50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци“, во правец Скопје – Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Република Чешка биле лишени од слобода Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46), двајцата од Куманово, бидејќи при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ., во кое совозач бил А.Ќ., биле пронајдени три лица мигранти од Куба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.

Инаку ова не е прв пат кумановци да бидат приведени при обид да шверцуваат мигранти од Куба. Само во текот на изминатиот месец во два одвоени случаи беа приведени две лица од Куманово поради истото кривично дело, а едно и од липковско Лојане во септември.

Никола Ивановски