Уште еден кумановец приведен поради шверц на мигранти од Куба

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен кумановец вчера бил приведен од полицијата, откако во неговото возило полицијата открила четири мигранти од Куба.

Loading...

– На 29.10.2021 во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок, велат од МВР.

Ова е втор кумановец приведен за помалку од една недела при обид да шверцува кубански мигранти. Пред само неколку дена во притвор заврши исто така педесетгодишен кумановец, кога полицијата му откри седум Кубанци.

 

Кумановец превезувал мигранти од Куба, приведен кај Демир Капија

Никола Ивановски

Loading...