Кумановец превезувал мигранти од Куба, приведен кај Демир Капија

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен кумановец вчера бил приведен, откако при контрола на неговото патничко возило, полицијата открила мигранти од Куба.

Loading...

– На 26.10.2021 околу 19.20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода  Ф.А.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот  центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски