Приведен жител на Лојане за криумчарење мигранти од Куба

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен жител на липковското село Лојане бил приведен во текот на вчерашниот ден, откако полицијата открила дека се обидел да криумчари тројца мигранти од Куба.

Loading...

– На 05.09.2021 година на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Никола Ивановски