Куќа изгоре во пожар во Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Куќа била опожарена изминатото деноноќие во кумановската населба Тоде Мендол, позната како Диво насеље.

Loading...

Тројца пожарникари интервенирале во период од 11:50 до 13:00 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Причината за избувнување не е позната.

Во текот на изминатиот ден кумановските пожарникари интервенирале и на опожарено стрниште и сува трева во селото Речица во перид од 17:34 до 18:40 часот. На терен интервенирале двајца пожарникари.

Вчера во бројот на интрвенции е забележана и интервенцијата на пожарот во архивата на Оносвниот суд Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово