Колку јајца смеете да изедете за Велигден? Еве што велат нутриционистите!

Сподели со своите пријатели

Неодамнешните истражувања покажаа дека јајцата не влијаат на пореметувањето на холестеролот во човечкото тело, па дури и оние кои ги слушале претходните препораки би можеле да се опуштат и да јадат повеќе од едно тврдо варенo јајцe на Велигден.

Loading...

Новите упатства за исхрана дозволуваат две варени јајца на ден, додека претходните препораки, бидејќи јајцата имаат лоша репутација за холестерол, беа дека никогаш не требаше да јадат повеќе од шест јајца неделно.

Сепак, експертите за исхрана тврдат дека треба да се почитува едно ограничување. Тоа се однесува на големината на јајцата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во пресрет на Велигден: Како да сварите совршено јајце?

Треба да се јадат мали јајца, оние означени како „S“ класа, што доаѓа од англискиот збор small. Достапни се и „M“ (средно) и „L“ (големи).

Количината од две мали јајца дневно важи за сите, и за деца и за возрасни.

Внимание се советува само за луѓе кои имаат проблем со жолчното кесе, неговата функција или оние кои имале операција на жолчното кесе. Тие не треба да земаат цели јајца.

Се препорачува да се ограничи коснсумирањето на жолчки, додека за белките нема ограничувања.

Белки, ако изедете 10 од нив, ќе добиете исто количество протеини колку што има, на пример, 100 грама бело мисиркино месо.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Десет белки се околу 30 грама и ретко кој ќе изеде повеќе од тоа. Во исхраната дури се препорачуваат чисти белки.

Жолчката е друга приказна.

Содржи масти и холестерол. Секоја жолчка има повеќе од 250 до 260 милиграми холестерол, па ако се консумира голема количина наеднаш може да биде голем предизвик за лачењето на жолчката, а кај луѓето кои имаат висок холестерол може да предизвика проблем.

Не за секого, се разбира, но сите студии, кои се направени во однос на следење на долговечноста и страдање од кардиоваскуларни и срцеви заболувања, особено покажаа дека до две јајца дневно се корисни и не претставуваат ризик, но повеќе од две јајц носат значителен ризик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце