Клинтон за одлуката на Украина да се откаже од нуклеарното оружје: Јас сум виновен!

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави дека жали за неговата улога да ја убеди Украина да се откаже од своето нуклеарно оружје.

Loading...

„Се чувствувам лично одговорен што ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го направила овој трик доколку Украина сè уште го имаше своето оружје“, рече тој во интервју за РТЕ.

Во јануари 1994 година, Клинтон, рускиот претседател Борис Елцин и украинскиот претседател Леонид Кравчук потпишаа декларација за елиминација на стратешкото нуклеарно оружје што беше на територијата на Украина уште од советско време.

Во декември 1994 година беше потпишан Меморандумот од Будимпешта, според кој Русија се обврза да ги почитува независноста, суверенитетот и постоечките граници на Украина.

„Кога му беше погодно, претседателот Путин го прекрши (Меморандумот од Будимпешта) и прв го зазеде Крим. Се чувствувам ужасно поради тоа бидејќи Украина е многу важна земја“, рече Клинтон.

Во декември 1994 година, во Будимпешта беше потпишан договор врз основа на кој Украина, Казахстан и Белорусија ѝ предадоа нуклеарно оружје останато од Советскиот Сојуз на Русија – Украина 1900, Казахстан 1.400 и Белорусија 100 боеви глави.

Оружјето од Украина и Казахстан беше уништено, додека боевите глави од Белорусија беа делумно вклучени во нуклеарниот арсенал на Русија.

Гаранти на Меморандумот од Будимпешта беа Америка, Велика Британија и Русија.

Loading...

Најмногу освои Америка, која на овој начин го парафира падот на својот главен непријател – Советскиот Сојуз.

Украина, Белорусија и Казахстан се ослободија од жешкиот компир бидејќи како земји во транзиција не можеа да платат за екстремно скапото одржување и безбедноста на наследениот нуклеарен арсенал, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.