Кличко: Потребна е нова „железна завеса“ кон Русија

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, бара повторно да се воспостави „железната завеса“ против Русија, но не со нов ѕид, туку со забрана за влез на руските граѓани кои сакаат да се одморат на запад.

Loading...

Кличко за весникот „Билд“ изјавил дека не може да поднесе Русите да уживаат во Европа, на одмор на плажа, додека руски војници убиваат Украинци.

„Потребно е повторно да се воспостави „железната завеса. Русија секој ден покажува дека е земја на диктатура, а повеќе од 70 отсто од Русите го поддржуваат Владимир Путин“, рече тој.

Кличко нагласува дека додека Украинците умираат, Русите уживаат во животот во Европа и повикува на воведување санкции преку забрана за влез.

Тој вели дека повеќето Руси, кои летните месеци ги поминуваат во Европа, не ги поддржуваат европските вредности.

Земјите како Полска, Летонија, Финска и Данска веќе бараат забрана за визи за руските граѓани, за што ќе се разговара во ЕУ на крајот на месецот.

Сепак, Германија е строго против таква акција.

„Канцеларот Олаф Шолц не е за ваква општа забрана“, соопшти владината прес-служба, додавајќи дека ја разбира дебатата.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.