КК Куманово со победа над Гостивар ја заврши полусезоната (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Гостивар во рамките на 11. коло од домашниот шампионат откако на гостински терен забележаа победа со резултат 84:89.

 

Loading...

 

Натпреварот се играше кош за кош, но во текот на последниот период кошаркарите на Александар Петровиќ се разбудија и прикажаа извонредна игра. Во текот на целиот натпревар кошаркарите на Гостивар имаа предност пред кумановци, која на моменти беше и двоцифрена, но во последните неколку минути Куманово успеа да ја сврти играта во своја корист.

 

 

Последната четвртина, Караџовки, Јанески и Караколев направија серија од 0-10 со што доведоа до израмнување на резултат од 68:68. Шутот за тројка не им одеше на домашните кошаркари, а тоа го искорисија гостите.

 

Loading...

 

Последните пет минути кумановци влегоа во предност од 73:77 се до минута и половина од крајот на мечот кога резултатот беше 80:84, за да во завршницата со слободните фрлања Куманово реализира победа.

 

 

Најефикасен во дресот на Куманово беше репрезентативецот Димитар Караџовски кој впиша 21 поен, потоа следува капитенот Марјан Јанески со 16 поени, додека во составот на Гостивар со 24 поени најдобар беше Димчевски, а со 23 Тодоровиќ.

 

 

Со оваа победа КК Куманово се искачи на третото место во табелата од Првата лига. Следува пауза па вториот дел од сезоната започнува на 13 јануари кога избраниците на Петровиќ гостуваат кај незапирливиот Работнички кој без пораз се наоѓа на тронот во табелата.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...