Киев тврди дека украинските сили сѐ уште напредуваат околу Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украина денеска објави дека нејзините сили сѐ уште напредуваат на крилата на разурнатиот Бахмут и покрај намалениот „интензитет“ на движењето, додека западните аналитичари тврдат дека групата Вагнер е ослабена во борбите за тој источен град во Украина.

Loading...

Русија во саботата објави дека го освоила Бахмут, но украинските власти велат дека украинските сили сè уште контролираат мал дел од градот.

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар во понеделникот повтори дека Украина има мало упориште во самиот град.

„Со нашето странично движење – кон север и југ – успеваме да го уништиме непријателот“, изјави таа за телевизијата.

„Нашите вооружени сили го отежнаа престојот на непријателот во самиот град со нивното странично движење и окупацијата на одредени височини“, додаде таа.

„Сè уште напредуваме, но со малку помал интензитет. Кога станува збор за север, таму има многу помалку активно дејствување. Кога станува збор за југ, ние напредуваме, а одбраната на Бахмут како град има целосно ја исполни својата воена цел“, рече заменикот на украинскиот министер за одбрана. Ројтерс не можеше самостојно да ја потврди ситуацијата на бојното поле.

Аналитичарите: Вагнер е ослабен

Платеничката група Вагнер на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин е ослабена во битките за Бахмут, тврдат истовремено западни аналитичари.

Платениците сега се речиси неспособни за нови напади надвор од градот поради голема исцрпеност, соопшти американскиот Институт за проучување на војната (ISW) во Вашингтон.

Loading...

Институтот објави дека платеничката група е исцрпена и речиси онеспособна за нови напади надвор од градот.

Пригожин прогласи целосно заземање на Бахмут за време на викендот и најави дека борците ќе се повлечат од градот и ќе го предадат на официјалните руски сили на 25 мај.

Но, украинската армија тврди дека повлекувањето на борците на групата Вагнер нема да биде лесно бидејќи украинските сили околу Бахмут би можеле да ги опколат.

Крвавите борби во Бахмут траат од крајот на летото. Тој град некогаш имал 70.000 жители.

Според аналитичарите на ISW, на руските сили можеби ќе им треба дополнително засилување за да го задржат разурнатиот град.

Тоа би ги спречило Русите да напредуваат – на запад кон Костантинивка, а на север кон Соледар.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.