Кафези со заштитен вид птици пронајдени кај кумановец

Сподели со своите пријатели

Кафези со заштитен вид птици откриле полицијата и инспекторите за шумарство и ловство при претрес во дом на кумановец.

Loading...

– На 18.11.2023 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, во координација со Државниот инспекторат за шумарство и ловство, по претходна добиена судска наредба, извршиле претрес кај А.Д. од Куманово. При претресот биле пронајдени кафези со заштитен вид на птици, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, против А.Д. ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги