Кадиров призна: Нашите загуби во Херсон беа големи

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, објави во четвртокот дека 23 негови војници биле убиени, а уште 58 ранети во украински артилериски напад оваа недела.

Loading...

Инцидентот се случил во јужниот украински регион Херсон, кој е под руска окупација, потврди Кадиров во објава на Телеграм.

„Сите операции за спасување се завршени и има конечна пресметка – 23 војници загинаа, а 58 се ранети“, рече Кадиров.

Ројтерс оваа најава на Кадиров ја оценува како невообичаена, имајќи предвид дека од почетокот на војната во Украина, проруските сили ретко признаваат големи загуби на бојното поле.

„Да, нашите загуби во раните утрински часови на тој ден беа големи, но Чеченците учествуваат во џихад и ако им е судено да загинат во света војна, тоа е чест и голема радост за секој вистински муслиман “, рече тој.

Тој, исто така, тврди дека по тој напад, чеченските сили убиле околу 70 Украинци во одмазднички напад.

Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди тврдењата.

Инаку, во вторникот украински извори објавија дека повеќе од сто чеченски војници загинале при артилериски напади во близина на Херсон.

Loading...

Чеченските војници по повлекувањето од Херсон биле стационирани во училиште во село на другиот брег на реката Днепар, а нивното место на живеење го откриле преку фотографии на социјалните мрежи.

Опозицискиот чеченски телеграмски канал 1Адат, исто така, објави дека членовите на полкот Кадиров, кои се наоѓале во училиштето, биле гранатирани и дека околу стотина од нив биле убиени.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.