Изложба на слики АРТФЕМ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во фоајето 1 во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде поставена еднодневна патувачка изложба на уметнички дела во рамките на АРТФЕМ проектот и со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на жени и девојки уметнички од регионот.

Loading...

– Изложбите се интерактивни, се анкетираат девојки и жени уметнички и од најранливи категории, во однос на нивните мислења, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во АРТ ФЕММ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за женска слобода и уметност, велат од НУЦК „Трајко Прокопиев“

Изложбите ќе се реализираат во  Крива Паланка, Куманово, па Штип, па Тетово, па Охрид и Струга и завршуваме, за оваа година во Скопје.

– AРТ ФЕМ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот, додаваат организаторите.

На патувачката изложба на Дороти Пачкова, ќе бидат претставени уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Р.С. Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Со ова, како што информираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура преку „Нов културен бран 2019“, и Секторот за спорт и млади при град Скопје.

Leave a Reply