Испробала трик за појадок од телевизија па завршила со опасни изгореници (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ајн Линч видела трик за подготвување јајца во шоуто Loose Women и сакала да го испроба. За жал, завршила со изгореници.

Loading...

 

 

Во шоуто што го гледала било прикажано подготвување на јајца во микробранова печка, со кршење на јајцето во чаша и истурање малку вода во неа, а потоа ставање на чашата во микробранова печка.

 

 

Loading...

Неколку дена подоцна, Ајн се обидела да го стори истото дома.

„Во саботата наутро, јас и сопругот Џони станавме, ги подготвивме децата и јас започнав да подготвувам појадок. Истурив половина чаша вода, го скршив јајцето во чашата и го ставив во микробранова печка 60 секунди. Јајцето беше преварено , па истото го сторив и со друго јајце, само што овој пат го ставив во микробранова печка 50 секунди. Ја извадив чашата од микробранова печка и во секунда експлодираше и врела вода од чашата ме испрска на градите, вратот и лицето. Почнав да врескам и да му се јавувам на сопругот, трчав отидов во бањата и го посипав лицето и се мачкав со ладна вода. Ги ладев изгорениците додека Џони отиде во аптека по крема за изгорениците и завој“ раскажува оваа жена.

 

 

После тоа, тие одлучиле да одат на лекар, каде што и ги преврзале изгорениците и ја покриле со ќебе, бидејќи се тресела од шок.

 

Loading...

 

Ајн вели дека на крајот на краиштата, таа е благодарна што не го држела бебето во рацете во тој момент, бидејќи исто така би имало изгореници, а своето искуство го сподели со цел да ја подигне свеста за вакви и слични трикови.

 

 

„Емоциите ми се хаотични сега, едно време сум добро, следниот момент плачам. Страшно се плашам дека нема да имам трајни лузни на лицето”, искрено вели Ајн.

Leave a Reply