Исчезна жената која тврдеше дека родила 10 деца: Нејзиниот партнер вели дека децата никогаш не ги видел!

Сподели со своите пријатели

Медиумите ширум светот минатата недела масовно пишуваа за жена од Јужна Африка која родила десеторка и со тоа го сруши светскиот рекорд, а оваа недела на порталите и весниците се прошири шокантната вест дека таа исчезнала.

Loading...

Госијам Тамара Ситоле (37) тврди дека децата се зачнати природно и дека се родени на 7 јуни – седум момчиња и три девојчиња.

Потресниот пресврт на приказната се случи кога нејзиниот партнер Тебого Цотеци изјави дека тој не видел ниту едно бебенце ниту доказ дека тие постојат.

 

Урнат светскиот рекорд: Една жена роди 10 деца одеднаш! (ВИДЕО)

 

Неговото семејство за медиумите изјави дека не веруваат во раѓањето на децата се додека не се докаже спротивното.

Тебого неколку пати се обидел да ја посети, но таа не сакала да му открие каде се наоѓа и во каква состојба се децата.

Loading...

Госијаме во моментов е наведена како исчезната личност, а единствениот доказ за раѓањето деца се нејзините пораки на таа тема, кои им ги испратила на своите семејства, пренесува Мирор.

Leave a Reply