Урнат светскиот рекорд: Една жена роди 10 деца одеднаш! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Госијаме Тамара Ситоле (37) од Јужна Африка тврди дека родила десет деца, што е светски рекорд, ако лекарите потврдат дека тоа е вистина.

Loading...

Африканката, која веќе има 6-годишни близнаци, наводно родила седум момчиња и три девојчиња со царски рез во болница во Преторија.

Нејзиниот сопруг Тебого Цотеци, кој во моментов е невработен, им изјави на новинарите дека е „среќен и емотивен“ поради новата ситуација.

Госијаме истакна дека ова е природна бременост, иако ваквите бремености се скоро секогаш резултат на вештачко оплодување, кога повеќе оплодени ембриони се ставаат во матката со цел да се зголемат шансите пациентката да забремени.

Овој вид на вест доаѓа само еден месец откако Халима Кисе од Мали роди девет деца во болница во Мароко, но таа останала бремена со вештачко оплодување.

Веста беше објавена во локалниот весник „Преторија њуз“, а сите светски медиуми го објавија овој интересен факт, иако никој од нив не успеал да стапи во контакт со докторот или породилната болница.

„Имаме седум момчиња и три девојчиња. Бев бремена седум месеци и седум дена. Среќен сум и полна со емоции. Не можам да зборувам многу”, изјавил сопругот на жената за локалните медиуми.

Ситоле, инаку сопственичка на продавница, пред породувањето изјавила дека лекарите првично и рекле да носи шест, а потоа осум, за само пред породувањето да откријат уште две бебиња.

Loading...

Таа имала комплицирана бременост – страдала од болка во нозете и чести утрински мачнини.

Не е наведено во каква здравствена состојба се бебињата.

Инаку, сегашниот светски рекорд го држи Надија Сулман, која во 2009 година роди осум деца во болница во Калифорнија – шест момчиња и две девојчиња.

Оваа бременост беше резултат на вештачко оплодување, а бебињата се родија девет недели пред терминот. Сите преживеале, Надија го доби прекарот „октома“, а неодамна нејзините деца го прославија својот 12-ти роденден.

 

Leave a Reply