Исчезна девојче во Тексас, нејзиното тело пронајдено во река. Се сомневаат во семеен пријател

Сподели со своите пријатели

Полиција во Тексас го пронајде телото на 11-годишното девојче кое исчезна минатата недела и сега се подготвува да поднесе обвинение за убиство против пријателот на нејзиниот татко.

Loading...

Полицијата во округот Полк извести дека телото на Аудрија Канингем го пронашле нуркачи во реката северно од Хјустон, пишува BBC.

Откако на 15 февруари не се качила во училишниот автобус, кај властите била пријавена за исчезната.

Полицијата го сомничи 42-годишниот Дон Стивен Мекдугал, кој понекогаш ја водел Одри на училиште, за убиството на девојчето.

Тој веќе е во притвор поради неповрзано обвинение за напад.

Властите во моментов подготвуваат налог за негово апсење за убиство, рече обвинителката на округот Полк, Шели Ситон на прес-конференција во вторникот.

Според полицијата, Мекдугал припаѓал на семејството на Аудрија и живеел во подвижна куќа на нивниот имот во близина на езерото Ливингстон, на околу 130 километри северно од Хјустон.

Телото на Одри беше пронајдено во блиската река Тринити, на само околу 15 километри од нејзиниот семеен дом.

Loading...

Во петокот во околината пронашле ранец за кој веруваат дека и припаѓал. Последен пат е видена како носи црвен ранец во стил на Hello Kitty.

Окружните власти откриле дека Аудри требало да фати училишен автобус на автобуската постојка на 15 февруари, но тој ден не се качила во него. Исто така, таа не се појавила на училиште.

Мекдугал, кој понекогаш ја носел Одри до автобуската станица или ќе ја однел на училиште ако го пропушти автобусот, беше приведен на 16 февруари поради неповрзано обвинение за тежок напад.

Тој, наводно, се вклучил во потрагата кога Одри била пријавена за исчезната.

– Некои од сведоците дури рекоа дека бил во заедница и тропал на врата… прашал дали ја виделе – изјавил шерифот Бајрон Лајонс за Си-Ен-Ен.

Тој одел чекор подалеку и минатата недела на социјалните мрежи изјави дека е невин.

– Бев таму, ме испрашуваа. Не бегам ниту се кријам. Направив се што можев за да ја најдам. Не направив ништо лошо. Отидов и тропнав на вратите за да добијам некоја информација – напиша тој.

Полицијата најпрво погледнала во негова насока откако сведок го поврзач неговото возило, темно сино Chevrolet Suburban од 2003 година, со исчезнувањето на 11-годишното девојче.

Loading...

Мекдугал има долго криминално досие.

Во 2007 година, тој бил осуден за „примамување дете во округот Бразорија, Тексас“. Тој бил осуден во 2010 и 2019 година за тежок напад со смртоносно оружје, пишува Си-Ен-Ен.

Засега не е познато како девојчето починало, а нејзините посмртни останки ги испитува округот Харис.