ХИТ СНИМКА: Балканец врти ражен, Швајцарец му се заканува со ПП апарат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една снимка, која наводно е направена некаде во Швајцарија, деновиве стана вистински хит на социјалните мрежи.

Loading...

На неа се гледа постар маж, по потекло од Балканот, во коментарите велат дека е од БиХ, по име Дејан, кој решил да „заврти“ јагне на тревникот пред куќата.

Но… Тој не успеа во својот план.

На самиот почеток на видеото, гледаме како помлад човек му приоѓа со чекан и противпожарен апарат, очигледно незадоволен што соседот пече јагне на таа локација.

– Дејан, гледај го – му зборува женски глас на мажот додека му приоѓа помладиот, незадоволен Швајцарец викајќи „Југословен“…

Тој во еден момент дури и го исфрли од раката стапот со кој Балканецот се бранеше. И додека „нашиот“ Балканец телефонира со полиција, Швајцарецот или од каде бил овој господин со интересна фризура, приоѓа на скарата со апарат за гаснење пожар и ја изгасна.

Јагнето за само неколку моменти било покриено со смеса од апаратот за гаснење пожар и на тој начин го уништиле…

Видеото за кратко време собра илјадници прегледи и коментари.

Loading...

– Зошто овој човек нема попаметна работа од тероризирање на соседите? – пишува еден незадоволен корисник.

– Овој мора да е вегетаријанец – пишуваат други, додека „третиот“ смета дека се ќе се решеше доколку го поканеше соседот на скара и го понудеше со добро парче месо.

Има и многу кои ја фалат реакцијата на „швајцарските“ соседи.