Гутереш: Луѓето во Газа на кои им е наредено да се евакуираат, немаат каде безбедно да одат

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека жителите на Појасот Газа на кои им е наредено да се евакуираат немаат каде безбедно да одат и ја повтори потребата од непречена и континуирана испорака на хуманитарна помош.

Loading...

Генералниот секретар ги повикува сите страни да ги почитуваат своите обврски од меѓународното хуманитарно право, се вели во изјавата на Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.

ОН продолжуваат да апелираат до израелските сили да избегнат понатамошни дејствија кои би ја влошиле и онака катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и да ги поштедат цивилите од дополнително страдање.

Цивилите, вклучително и здравствените работници, новинарите и персоналот на ОН, како и цивилната инфраструктура мора да бидат заштитени во секое време, се нагласува во соопштението.

Се додава дека генералниот секретар е сериозно загрижен за ескалацијата на насилството во Западниот Брег, вклучително и интензивирање на израелската операција, голем број смртни случаи и апсења, зголемување на насилството на доселениците и палестинските напади врз Израелците.

Генералниот секретар го повтори повикот за одржлив хуманитарен прекин на огнот во Газа и безусловно и итно ослободување на сите преостанати заложници.