Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за жито

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за жито.

Loading...

Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да биде обединета во изнаоѓање ефективно решение.

„Останувам посветен на обезбедување непречен пристап до глобалните пазари за прехранбени производи и ѓубрива од Украина и Руската Федерација и на обезбедување на безбедноста на храната што ја заслужува секој човек“, рече Гутереш на самитот за системи за храна во Рим, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека поради откажувањето на Црноморската иницијатива, најзагрозените ќе платат највисока цена. Тој изјави дека „кога цените на храната растат, сите плаќаат“.

„Ова е особено поразително за ранливите земји кои се борат да ги прехранат своите луѓе“, рече Гутереш.

Руските власти минатата недела најавија дека нема да го продолжат договорот за жито бидејќи, според нив, не се исполнети обврските кон Москва од тој договор.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.