Греми наградите се одложуваат

Сподели со своите пријатели

Церемонијата на доделувањето на Греми наградите, закажана за 31 јануари, е одложена поради епидемија на коронавирус во Лос Анџелес, објавија списанијата „Ролинг Стоун“ и „Варајети“.

Loading...

Списанијата се повикуваа на неколку извори во кои се наведува дека церемонијата на доделување на највредните награди во музичката индустрија може да се одржи во март, пренесува Ројтерс.

Академијата, која ги организира Греми наградите, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во Лос Анџелес е забележан пораст на смртни случаи од коронавирус и прием во болница, додека спортските сали, фризерските салони и рестораните се затворени, а жителите се повикани да останат дома што е можно повеќе.

Организаторите на Греми на крајот на минатата година рекоа дека сакаат да го променат начинот на одржување на овогодишното шоу, без публика и традиционалниот црвен тепих.

Leave a Reply