Грција испрати хуманитарна помош за Турција

Сподели со своите пријатели

Грција испрати илјадници шатори, кревети и ќебиња во Турција како дел од хуманитарната помош по земјотресот.

Loading...

Атина планира да обезбеди вкупно 80 тони хуманитарна помош, која ќе вклучува и медицинска помош, соопшти Министерството за цивилна заштита на Грција.

Дел од помошта веќе пристигна во Турција вчера, а остатокот се очекува да биде доставен денеска до крајот на денот, пренесува Ројтерс.

– Испративме лекови, медицинска и основна хуманитарна помош, за барем малку да ја ублажиме болката на погодените од земјотресот – изјави министерот за цивилна заштита на Грција, Христос Стилијанидес, кој ја испрати помошта во Адан на аеродром.

Грција и Турција се во несогласувања со децении за низа нерешени прашања, од територијалните права во Егејското Море до етнички поделениот Кипар и миграцијата.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделникот му се јави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да му изрази сочувство за изгубените животи.

Доаѓајќи на состанокот на лидерите на ЕУ во четврток во Брисел, Мицотакис рече дека Грција ќе ја предводи иницијативата ширум ЕУ и ќе биде домаќин на донаторска конференција во Брисел, чија цел е да обезбеди дополнителна помош за обнова на областите уништени од земјотресот.

Грчките власти претходно објавија дека грчки тимови извлекле пет преживеани од урнатините во турскиот град Хатај.

Loading...

Локалните власти ширум Грција, исто така, организираат собирање средства за суштинска помош што ќе биде испратена до турскиот народ.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.