Функционерите тријат раце: Од денеска имаат енормно покачени плати

Сподели со своите пријатели

Претседалот, премиерот, претседателот на Собранието, министри, пратеници, судии, секој што има било каква функција во државата, од денеска трие раце.

Loading...

Причина е покачувањето на платите од рекордни 78 отсто.

Како што пишува ТВ 24, повикувајќи се официјалните податоци на институциите, претседателот Стево Пендаровски ќе добие 165 илјади денари плата, за разлика од досегашните 92.000. тоа значи дека на неговата сметка денеска или деновиве ќе легнат 2.500 евра.

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието ќе „печалат“ по 50 евра повеќе за секој работен ден.

Така, Ковачевски ќе добие плата од 156.482 денари, а Џафери дури и повисока – 166.207 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе зема приближно како премиерот, 153.037 денари плата, на која како што пишува телевизијата, ќе следуваат дополнителни 20 отсто за функцијата што ја има.

Вицепремиерите ќе земаат меѓу 2.000 и 2.500 евра.

Но, значително повисоки плати ќе добие и првиот човек на установата што таквото нешто го овозможи – претседателот на уставниот суд.

Loading...

Единствен кој јавно рече дека е против таквото покачување беше претседателот Стево Пендаровски, останатите се сложни браќа и сестри.