Франција не планира да испраќа војници во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во Прага изјави дека Франција не планира да испраќа свои војници во Украина во блиска иднина.

Loading...

Запрашан за коментар за меѓународната реакција на неговата изјава по минатонеделната конференција за Украина во Париз, Макрон рече дека тогаш изјавил дека ништо не е исклучено.

„Ова не значи дека планираме да распоредиме француски сили во Украина во блиска иднина, туку само дека отвораме дискусија за тоа и дека размислуваме за сè што може да се направи за да се поддржи Украина“, рече Макрон во интервју за чешкиот весник „Право“, пренесува Тасс.

Според него, учесниците на состанокот се договориле за соработка во пет области: сајбер безбедност, заедничко производство на воени материјали за Украина, безбедносна помош за најранливите земји во контекст на конфликтот во Украина, пред се Молдавија, поддршка за Украина на границата со Белорусија и соработка во активностите за деминирање.

„Покрај тоа, секогаш сум бил јасен за нашите црвени линии: ние не се бориме против рускиот народ и ја отфрламе логиката на ескалација“, нагласи Макрон.

По конференцијата за Украина во Париз на 26 февруари, Макрон рече дека учесниците размислувале за испраќање копнени трупи во Украина и дека не е постигнат консензус, но ја остави отворена вратата за такво сценарио во иднина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.