Фејсбук затвори мрежа на профили антиваксери

Сподели со своите пријатели

Фејсбук ја затвори мрежата на прифли од Русија поврзани со маркетинг фирма која ангажирала инфлуенсери луѓе да објавуваат содржини против вакцинација.

Loading...

Од седиштето на компанијата соопштија дека поради кршење на политиката на Фејсбук против мешање на странски држави, забрането е користење на профили поврзани со Фекз, подружница на маркетинг компанијата АдНов од Велика Британија, која примарно работеше од Русија, пренесува Ројтерс.

Во соопштението, Фејсбук наведува дека Аднов ги користел своите платформи првенствено за да влијае врз корисниците во Индија, Латинска Америка и во помала мера во Соединетите Американски Држави.

Истражителите на Фејсбук ја нарекоа кампањата „перење за дезинформации“ затоа што форуми како што се „Редит“, „Медиум“ и „Change.org“ објавуваа содржини што ја измамија јавноста и користеа лажни профили на платформи како Фејсбук и Инстаграм за да ги пласираат нивните невистини.

Во изминатите месеци, на социјалните мрежи се појавија теории на заговор за коронавирусот и вакцините, а администрацијата на претседателот Бајден ги критикуваше големите технолошки компании како Фејсбук дека дозволуваат ширење на лаги за вакцини и ја отежнуваат борбата против пандемијата.