ЕУ одобри 155 милијарди евра помош за компаниите погодени од војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Европската комисија одобри 155 милијарди евра помош што Франција одлучи да ја пренасочи од програмата за пандемијата кон зајакнување на ликвидноста на компаниите погодени од војната во Украина и санкциите против Русија.

Loading...

Франција е првата земја од ЕУ која доби зелено светло за поддршка на компаниите во кризните мерки кои привремено ги олеснија регулативите за државна помош поради руската инвазија на Украина.

 

Белорусија ја прогласи Македонија за „непријателска земја“

 

„Програмата ќе ѝ овозможи на Франција да ги ублажи економските последици од војната на Путин во Украина и да ги поддржи компаниите погодени од актуелната криза и придружните санкции“, рече потпретседателката на Европската комисија Маргрете Вестагер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Помошта првично беше наменета за ублажување на ефектите од пандемијата

Париз ќе ја финансира помошта од тежок буџет од 300 милијарди евра, кој првично беше наменет за ублажување на економските последици од пандемската криза, а беше одобрен од Брисел во март минатата година.

Loading...

 

Белорусија ја прогласи Македонија за „непријателска земја“

 

Корисниците ќе имаат право на нови кредити кои делумно ќе бидат покриени со државна гаранција.