Белорусија ја прогласи Македонија за „непријателска земја“

Сподели со своите пријатели

Владата на Белорусија го одобри списокот на, како што се наведува, непријателски земји, а резолуцијата на Советот на министри за тоа беше објавена денеска на Националниот правен интернет портал, пренесува агенцијата Интерфакс.

Loading...

Покрај земјите-членки на ЕУ, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.

Одлуката влегува во сила со денот на официјалното објавување.

Вчера, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша указ за, како што се наведува, „заштита на националните економски субјекти од позајмување средства од нивните сметки по барање на жителите на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица.”

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Белорусија не учествува во воената интервенција на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји.