Експлозија во Авганистан: Најмалку пет загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа утрово во експлозија на автобус што превезувал работници на нафтена компанија во северен Авганистан, соопшти полицијата.

Loading...

Најмалку четири лица се повредени во експлозијата, јавува Ројтерс.

Експлозијата се случила во автобус кој превезувал вработени во нафтената компанија Хаџратан, изјави претставник на полицијата.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Неодамна имаше неколку напади во урбаните центри во Авганистан, а одговорноста за некои од нив ја презеде терористичката Исламска држава, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот