Еден од најбараните супермодели на сите времиња, рамо до рамо со Синди Крафорд и Наоми Кембел, е Клаудија Шифер. Оваа русокоса висока 180 сантиметри светеше и гореше на модните писти, а и денес таа е синоним за беспрекорна манекенка, убава, успешна и избалансирана.
Славната Германка денес го слави својот 51 -ви роденден, но се чини дека не остарела ниту еден ден во споредба со деновите кога беше на врвот на кариерата. Речиси и да нема луксузен бренд или познат дизајнер со кој овој модел не соработувал, па не е ни чудо што таа е жена која ги напиша страниците на историјата на модaта со златни букви.
View this post on Instagram
Тоа беше лудо време! Живеев како рок sвезда. На секоја модна ревија ме чуваа телохранители … Не само јас, туку и облеката, дури и долната облека – да, градниците и гаќите.
Денес, повеќе од 30 години од почетокот на нејзината кариера, таа се уште цврсто стои со двете нозе на земја.
View this post on Instagram
Клаудија отсекогаш била различна од другите супермодели – посериозна, посмирена, помалку жедна за забава, а денес самата го признава тоа.
Шифер вели дека стареењето не ја плаши, и дека знае дека е време да ја предаде диригентската палка на нови надежи.
View this post on Instagram