Двајца повредени при судир на лада и мотокултиватор во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени при судир на лада и мотокултиватор во атарот на селото Орашац на регионалниот пат Свети Николе – Куманово.

Loading...

– На 04.09.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово атар на селото Орашац, се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило “лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.К.(64) од Куманово и мотокултиватор “хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А.(66) од село Орашац, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А. (62) од село Орашац констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски