Дури 1.500 производи во ЕУ од денеска поскапи и за над 30 отсто

Сподели со своите пријатели

Месото, колбасите, маслото, млекото, путерот, брашното, јајцата и околу 1.500 други производи утринава поскапеа во Европската унија и за до 30 отсто.

Loading...

Најголемите малопродажни синџири во Австрија, Германија, Италија и Шпанија први ги „воодушевија“ своите клиенти со нови цени на полиците, а деновиве ќе ги следат и трговците во другите земји од ЕУ.

Европските експерти предупредуваат дека ова е само почеток на огромни зголемувања поради неспособноста на Брисел да се справи со економската криза предизвикана од војната во Украина и непромислените санкции што ги воведе кон Русија.

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Рекордна инфлација

Зголемувањето на цената во Австрија доаѓа во време кога инфлацијата достигна историски рекорд од 6,8 отсто, што не е забележано од 1981 година.

Loading...

Повисоките цени во супермаркетите се закануваат да бидат уште повисоки поради високите трошоци за енергија, суровини и транспорт, но и недостиг од материјали за амбалажа.

Млекото и млечните производи поскапеа за 35 отсто. По нив следат пивото со 12,4 отсто и зеленчукот со 6,8 отсто, потоа кафето со шест отсто, јајцата, сирењето со три, а лебот и пецивата дури 5,9 отсто.

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Поскапување на месото, колбасите, путерот, маслото, за некои артикли и за повеќе од 30 отсто од денеска ќе бидат истакнати на полиците и во Германија… Од германското здружение на трговци велат дека новите цени се привремени и дека следниот бран многу поголем.

Во Италија цените на храната „дивеат“, од масло до тестенини, зеленчук, риба и месо. На врвот на ценовникот е сончогледовото масло со поскапување од 23,3 отсто, а свежиот зеленчук е поскап за 17,8 отсто. Цената на путерот е повисока за 17,4 отсто, тестенините за 13 отсто, брашното за 10 отсто, а месото од живина за 8,4 отсто.

Масимилијано Дон, претседател на Националниот сојуз на потрошувачи во Италија, вели дека цените во оваа земја „експлодирале“ и дека во наредниот период се очекуваат поскапувања.

Loading...

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

– Стандардот на граѓаните сега е многу полош бидејќи трошоците за живот се повисоки за цели 323 евра по семејство, само за храна и пијалок. Има и повисоки сметки за струја и гориво. Очигледно е дека цените ќе продолжат да растат – вели тој.

Кога станува збор за Шпанија, најмногу поскапеле маслото за јадење, дури 303 отсто во однос на истиот период во 2021 година, додека тестенините во истиот период поскапеле за 183 отсто!

Ништо подобра не е состојбата со оризот чија цена е повисока за 181 отсто, но и со млекото кое граѓаните на оваа европска земја денеска го плаќаат за 145 отсто повеќе.

 

 

Loading...

 

Нови удари

Инфлацијата во Турција достигна речиси 55 отсто, а и покрај владините мерки, цените на храната се највисоки во последните неколку децении!

Минатата недела државниот комитет за месо и млеко ја зголеми цената на црвеното месо за дури 48 отсто, со што им зададе нов удар на домаќинствата кои мака мачат да врзат крај со крај. Килограм мелено говедско месо чинеше 3,45 евра, а сега е 5,12 евра, додека цената на килограм говедско скокна од 3,82 на 5,67 евра.