Дубаи добива уште една меганаселба и облакодер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Престолнинат ана супервисоки облакодери Дубаи наскоро ќе добие нова меганаселба која ќе биде дом на уште еден облакодер.

Loading...

Државната ивнестициска компанија „Дубаи холдинг“ објави детали за градежниот проект, кој вклучува и кула висока 550 метри.

Кулата, наречена Бурџ Џумеира, ќе биде сместана во областа Ал Суфоух во Дубаи во близина на Бурџ ел Араб.

Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опкружена со мештовита, станбена и комерцијална зона наречена „Даунтаун Џумерија“.

Изградбата ќе зпаочне веднаш, се наведува во соопштението на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023 година.

Дизајнот на „Бурџ ЏУмерија“ инспириран е од песочните дини и оази. Облакодерот, всушност ќе биде голем видиковец од кој ќе се пружа поглед на целиот град, а на самиот врв во т.н. Круна, ќе се наоѓаат ресторан и бар.

Можеби најважната карактеристика на кулата е неговата база, дизајнирана во форма на отпечаток од прст на шеикот Мохамед бин Рашид.

Постојат планови и за амфитеатар, кој би се наоѓал во рамките на отпечатокот од прстот , за културни настани, како и за фонтана.

Loading...

Leave a Reply