ДРАМА ВО ВСЕЛЕНАТА: Астронаутка правела дупки на вселенско летало за да се врати дома (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Руската вселенска агенција Роскосмос се закани дека ќе поднесе кривична тужба против американската астронаутка, обвинувајќи ја дека дупчила дупка широка два милиметри во вселенската мисија во 2018 година на вселенското летало Сојуз МС-09, кое било поврзано со Меѓународната вселенска станица (ISS).

Loading...

Русија започна истрага по падот на притисокот на кислородот во леталото, но и во целата ISS, што потенцијално може да ги загрози животите на астронаутите.

Истрагата утврдила дека виновникот за дупчењето на дупката е Серена Анон-Канчелор (45), американска астронаутка, родена во Индијанаполис.

 

 

Весникот „Известија“ објави дека Серена намерно извршила саботажа бидејќи сакала што поскоро да се врати дома на Земјата.

Извори блиски до дневникот наведуваат дека се истражуваат два можни мотиви за нејзините постапки. Или имала приватни, љубовни проблеми или имала здравствени проблеми (се споменува и создавање на згрутчување на крвта).

Loading...

Што се однесува до љубовниот живот, Серена Анон-Канцелор е мажена, а нејзиниот сопруг е Џеф Канцелор. Тој во тоа време бил илјадници километри подалеку, на Земјата, и не е познато дали имала афера со некој од астронаутите за време на нејзиниот престој во вселената.

 

 

Мисијата на тимот астронаути што беше со Серена требаше да трае шест месеци.

Агенцијата ТАСС јавува дека истрагата открила неколку дупки кои не можеле случајно да бидат избушени при нулта гравитација.

Тие дупки првпат беа забележани на 30 август 2018 година, откако беше забележан пад на нивото на кислород.

Руските космонаути брзо ги затворија дупките, со што притисокот се врати во нормала. Тие го направија тоа со епоксидна смола, која е како лепак. Откако дупката била запечатена, астронаутите извршиле фото и видео преглед со помош на ендоскоп.

Loading...

 

 

Првично се веруваше дека дупката е издупчена со дупчалка на Земјата, но оваа теорија беше напуштена бидејќи се покажало дека дупката е направена одвнатре и не е резултат на судир со остатоци од вселенски отпад.

Пред две години, руската страна прво покрена сомнеж дека американската астронаутка е одговорен за саботажата.

НАСА потоа одговори дека нема да коментира за прашања поврзани со здравствената состојба на астронаутите, наведувајќи дека Серена Анон-Канцелор е почитувана членка на тимот, отфрлајќи ги обвинувањата.