До март следната година ЛАГ АБЕР ќе ја подобри визибилноста на Кокино

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани ЛАГ АБЕР 2015 е избрана како една од организациите која ќе добие субвенција од вториот повик на Амбасадата на Франција за партнерство со македонското граѓанско општество.

Loading...

– Нашиот проект се однесува на подобрување на визибилноста на локалитетот Кокино и негово прилагодување за потребите на туристите. Како што е познато, многу малку е направено за Кокино во тој поглед, а и досегашните вложувања немаа одржливост. Денес, Кокино се наоѓа во незавидна ситуација, пред се поради уништената патна сигнализација која го отежнува доаѓањето на туристите, како и згаснувањето на официјалниот сајт на локалитетот, оштетените и уништени информациони табли и сл., поради што локалитетот не може да понуди организирано движење на посетителите и нивна анимација без ангажирање на локален водич, велат од ЛАГ АБЕР.

Увидувајќи ги овие недостатоци, здружението, заедно со НУ Музеј Куманово како еден од оснивачите на ова здружение, изготвија предлог-проект до Француската амбасада, во кој се наведени погоре спомнатите недостатоци и предлози за нивно решавање.

Предлогот е одобрен и веќе активно се работи за негова реализација, а според програмата, интервенциите ќе завршат до март 2020 г.

Leave a Reply